Бизнис обука за сите кои сакаат да си го променат стилот на живеење!
Хисарија, Р.Бугарија 10-12 ноември 2023г.
Чест и задоволство е да се биде дел од обука на која учиме од најдобрите во светот. Поттик за лет кон висините на орлите од успешниот менаџер Milentina Marcus од Романија, чија што животна приказна со Форевер дава нови перспективи, нови насоки и голема инспирација.
Остварувањето на поставената цел и исполнувањето на своите соништа те подига на ново возвишено ниво, на кое несебично им пристапуваш на сите кои кои сакаат да направат промена кон подобро. Тука си да помогнеш, да водиш, да сослушуваш и утешуваш, да стимулираш и мотивираш- едноставно правејќи се за луѓето, добиваш многу повеќе. Не бадијала е народната: Фрли си зад себе, да си најдеш пред себе! Оваа народна мудрост со Форевер е реално секојдневие во кое ширите здравје, поддршка, совети, придобивки, заработки и начин како до сето тоа. Милентина успева да ја шири својата работа патувајќи кон личната визија, која впрочем се совпаѓа со мојата, да им се даде поддршка на што повеќе луѓе да успеат да си го задржат, вратат или обноват своето лично достоинство.
Да им се овозможи прилика да си обезбедат услови на финансиска сигурност со која ќе можат да си дозволат достоинствен живот е патот кон успехот со Форевер. На почеток можеби и страшен и напорен, тежок, невозможен пат кој неможе да се изоди но затоа и н
е секој е успешен во полето на својата работа. Успешни се
само оние кои никогаш не се откажуваат од своите соништа, а секој кој може да сонува тогаш тој може да биде успешен. Вистинскиот сон е твојот двигател кој секој ден инспирирано те буди и води кон само една точка, а тоа е твојата поставена цел. Важно е да знаеш што сакаш и да ја следиш поставената мапа на која веќе е зацртан патот каде и како да се движиш. Тоа е тајната на освојување на секој врв. Тоа е тајната на успехот.
Првиот чекор секогаш е најтежок, но немој да го одложуваш. Патот кон успехот им е познат на оние кои веќе успеале, твое е само да ги следиш. Биди храбар уште денес и започни го патувањето со Тимот на Life with Forever!
Senior menager Слаѓана Маџова



