За сите што сакаат да патуваат- бесплатно!
Природна потреба кај секој човек е да се движи, да менува место со едноставно движење. Затоа и сон на повеќето луѓе е да патуваат на различни дестинации. Секој од нас патува и ги посетува оние места кои ги има поставено како посакувани дестинации, но колкумина од нас тоа го прават целосно бесплатно?
Форевер како компанија, во која веќе 13 години сум активен соработник, постојано ми ги остварува желбите за патувања на различни места во различни земји и тоа сосем бесплатно. Задоволство е кога ќе ги оствариш поставените цели, меѓу кои освен повисока плата, награда и признание, да оствариш заслужено патување во една од најпосакуваните дестинации- Лондон. Ми беше особена чест што заедно со цел
ата група освојувачи на бесплатното патување во Лондон имав прилика да ги посетам познатите Big Ben ,Tower Bridge, Buckingham Palace, The London Eye, St. Paul’s Catherdral како и незаборавното искуство да пловиме по Темза. Група полна со ентузијазам, енергија, насмевки и задоволства на слободни и рекреативни активност полни 2 дена. 
Впрочем, не само прошетките и разгледувањата, туку и можноста да се биде гостин во центарот на Лондон, во хотел од Викторијански стил, доволно раскошен кој со своето постоење самиот по себе зборува за елеганцијата и префинетоста на историјата на градот. Во наша непосредна близина беше The British museum- Science Museum & Natural History Museum, кој имавме можност да го посетиме и делумно да го разгледаме, бидејќи заради својата грандиозност мислам не би биле доволни ниту месеци за да се види се што историски е изложено во него.

Посебно задоволство беше што сите соработници бевме дел од Британскиот ден на успех во кој не удостоија со повикување на сцена, како една од многуте Европски земји кои успеале да го освојат ова патување. Најпрвин на приватна обука во Royal Collage, која ја држеа двете главни личности на компанијата Форевер- претседателот на бордот на директори Aidan О’Hare и сопственикот Greg Morgan. Обуките за напредок во работата ги продолжувме во The Magazine покрај Темза, каде што најдобрите од Европа ги дадоа своите видувања за тоа како да се унапреди работата. Вториот ден, освен дефилето на сцената имавме и забава на која повеќето земји имаа свои музички групи со кои се претставија. 
Ти благодарам Форевер, за укажаната можност која ја ми ја даваш, да патувам низ целиот свет како награда за вложениот труд. Никогаш повеќе нема да ги испуштам понудите кои ги нудиш! Секако, упатувам апел до сите кои сакате патувања и дружења сосем бесплатно- Станете дел од големото семејство на Форевер и остварете ги своите соништа! Како и до сега, една слика илјада зборови.
Senior manager Слаѓана Маџова



