Дајте подршка на својот имунитет
7.00 ч. Започнете го денот со ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА
Гелот од алое на Форевер го поддржува
варењето на храната и му помага на телото да
апсорбира повеќе нутриенти, за да го добивате
оптималното од внесената храна. Ако го
започнувате денот со доза гел од алое вера, сѐ
што правите потоа, ќе биде покорисно!
8.00 ч. Направете сок од овошје и зеленчук
Кога цедите свежо овошје и зеленчук,
добивате повеќе корисни хранливи материи за
имунитетот. Спанаќ, брокули, цитруси и киви се
одличен избор, заради високата содржина на
витамини. Витаминот С дава поттик на белите
крвни зрнца кои се борат со инфекциите, додека
антиоксидантите се борат против слободните
радикали. Ако немате време да си правите
сок, потрудете се да изедете барем две порции
свежо овошје и три порции свеж зеленчук
дневно.
10.00 ч. Поддржете го варењето на храна со пробиотици
Форевер актив ПРО-Б помага за одржување на
дигестивниот систем во добра кондиција со шест соеви
корисни имуно-стимулирачки бактерии. Пробиотиците ја
потпомагаат цревната микро-флора, бидејќи ја дополнуваат
со корисни микроорганизми за дигестивното и целокупното
здравје. Се зема по една капсула дневно со вода
Имунолошкиот систем е неверојатна природна заштита на организмот што неуморно работи за да ве заштити од микроби и патогени. Има неколку лесни начини да му дадете поддршка во текот на денот и ноќта.
12.00 ч. Хранете се балансирано Јадете избалансиран оброк со свеж зеленчук. Свежиот
лук е одличен имуностимулатор благодарение на високата концентрација на соединението алисин, за кое е докажано дека ја потпомага способноста на белите крвни зрнца да
се борат со болестите. Ако на ручекот додадете и неколку бадеми, лесно и вкусно ќе си обезбедите витамин Е и здрави масти.
15.00 ч. Пополнете ги дефицитите со додатоци
Додатоците во исхрана како Форевер имубленд и Форевер
дејли ви помагаат да пополнувате евентуални дефицити во
организмот и да го одржите имунолошкиот систем. Во брзиот
секојдневен ритам е невозможно да ја обезбедите дневната
доза од витамини и минерали само со исхраната. Додатоците
се брз и лесен начин да гарантирате дека вашето тело има се
што му е потребно за добро да функционира.
18.00 ч. Спортувајте минимум 40 минути Обидете се да вклучите најмалку 40 минути движење во својата програма секој ден, за да го одржите телото во добра форма. Џогирањето околу соседството или друг тип умерена физичка активност е важен дел од поддршката за имунитетот. Програмите F15® можат да ви дадат интересни идеи за тренинзи. Како бонус ќе
изгледате и ќе се чувствувате подобро!
21.00 ч. Дозволете си доволно одмор и сон
Според истражувањата, недостатокот на сон може да има штетно влијание на имунолошкиот систем и да ја зголеми веројатноста од разболување. Осум полни часа сон исто така ќе ви дадат доволно енергија за сѐ преку денот и најмногу за вашиот тренинг. Давајте си одмор!

