МАГНЕЗИУМ- минерал со 300 функции
Магнезиумот е еден од основните елемнти неопходни за правилно функционирање на организмот на човекот. Овој минерал учествува во активирање на повеќе од 300 ензими во организмот, кои се од суштинско значење за непречено одвивање на бројните метаболни процеси. Особено, магнезиумот обезбедува правилно функционирање на кардио-васкуларниот систем, нервниот систем и мускулите. Недостатокот на магнезиум се јавува доколку не се внесува доволно со храната или ако има зголемени потреби за овој олигоелемент, како што е случај при бременост и доење, пубертет како и при зголемена физичка активност. Магнезиумот често се нарекува и „антистрес“ минерал, има смирувачки ефект и ги релаксира мускулите. Има огромна улога во борба проитв напнатоста, анксиозноста и стресот. Две треетини или 60% од магнезиумот во телото се наоѓа во коските, 35% во срцевиот мускул и скелетните мускули, а остатокот во бубрезите, црниот дроб и мозокот. Поради тоа симптомите при недостиг на магнезиум се најразлични: слабост или грчеви во мускулите, аритмија или забрзано отчукување на срцето, хипертензија, нарушување на циркулацијата, мигрена, подложност на стрес, дефицит на концентрација и несоница. Магнезиумовиот дефицит најчесто се должи на нередовна и неправилна исхрана, диети, при хронична дијареа, диабет и употреба на алкохол и диуретици.
Препорачани дневни потреби и превенција од дефицит на магнезиум
Препорачаните д
невни потреби на магнезиум се најразлични, во зависност од возраста и полот и се движат од 300-400мг. Со современиот начин на исхрана не секогаш може да се обезбеди неопходната дневна доза и затоа се појавува потреба од дополнителен внес на магнезиум. Во поново време се истакнува големата важност на овој минерал во задржување и фиксирање на калциумот во телото. Односно, точно е дека калциумот е еден од најважните минерали за градење на коските и забите, и тој го формира мекото ткиво на забите и коската, но магнезиумот го зацврстува ова ткиво и го прави отпорно. За нивното меѓусебно надополнување и врзување во човечкиот организам напишани се многубројни статии. Па од тука едноставен начин на внес на доволна количина на магнезиум, заедно со калциум и збогатено со витамин Д, е нашиот производ ко е со избалансирана формула за надополнување на потребите кај возрасните и децата форевер калциум- https://lwf.mk/en/product/forever-calcium/

