На косата и е потребен баланс и волумен
При препорачување на ФЛП производи за нега на коса важно е да ги советуваме нашите корисници за соодветниот начин и количина на употреба, како и за многубројните
придобивки од нашите производи. Нашите производи дејствуваат многу поразлично од другите производи за нега на косата.
1. Aloe Jojoba Shampoo
Содржи 100% стабилизиран алое вера гел, јојоба масло и други природни состојки.
Важно е да се спомне дека не содржи флуоресценти кои создаваат вештачки сјај. Состојка за која понекогаш сме прашувани е Лаурил сулфат, бидејќи печатот лошо се
изразува за неа. Па тогаш што е тоа? Тоа е згуснувачки/
пенест агент кој го има во повеќето шампони и детергенти. Обично се добива од тешки хемикалии/соли и може да биде неблаготворна за скалпот и косата. Во нашиот шампон (и други производи) состојката е добиена од природни извори што ја прави целосно безбедна и безопасна. Затоа нашите шампони не се пенат колку другите.
Употреба:
Прилагодлив на секој тип на коса, пр. сува, мрсна, подложена на хемиски третман итн. Присуството на стабилизиран алое вера гел помага во создавање на баланс на влажноста.Добар за одредени проблематични состојби на скалпот
како псоријаза,егзема,првут и др. Исто така помага во отстранување на остатоци од
други продукти, пр. шампони (кои често содржат силикони/
пластика). Бојадисана коса трае подолго без да бледнее толку брзо како при употреба на други хемиски шампони. Со зацврстување на фоликулите, може да поттикне раст на косата. И најважно, може секојдневно да се користи.
Користете мало количество со големина колку една паричка (за долга и густа коса би ви требало малку повеќе) Секогаш мијте ја косата два пати – при првото миење не се создава пена секогаш, но сепак ја чисти косата. Кога го користите шампонот за прв пат, би можело да
ја остави вашата коса слаба, мрсна или леплива, бидејќи ги отстранува остатоците од други производи. Продолжете да го користите и вашата коса повторно ќе оживее.
2. Aloe- Jojoba Conditioning Rinse
Содржи стабилизиран алое вера гел, јојоба масло
и други природни состојки. Macademia Terna Folia Seed Oil го
прави најдобар кондиционер. Маслото во кондиционерот ни
дава сјај без чувството на мрснотија. Алоето е клучниот дел
кој помага во обновување и чување на косата.
Употреба:
Ја заштитува косата од временските услови, пр. зима, ветер или летно сонце. Го поправа оштетувањето од потстрижување, пеглање и бојадисување.
Јарасплеткува косатаиспречува нејзино електризирање. Помага во навлажнување и кондиционирање на сув скалп.
Комбинацијата на алое и јојоба обезбедува природно обновување и навлажнување на оштетена коса. Вашата коса делува богато.
Корисни совети: Чешлајте се со чешел со големи заби додека
кондиционерот е на косата (прво истиснете ја водата пред да ставите кондиционер).
Може да се користи и за сува, кршлива и оштетена коса.
Освен во посебни случаеви, избегнувајте ја употребата на кондиционерот на скалпот.
3. Аloe First
Содржи 100% стабилизиран алое вера гел, прополис и други природни состојки. Одличен за луѓе кои сакаат брзо да се спремат за излегување! Ја прави косата мазна, лесна и ñ
дава одличен сјај.
Употреба:
Помага во заштита од сонце,ветер, хлор и потстрижување.
Намалува порозност на косата предизвикан од
бојадисување, трајна фризура, пеглање и пливање.
Одличен за припрема – испрскајте пред да ги ставите ролерите на коса. Со ова ќе избегнете сувост и кршливост на косата.
Супер за деца, мoже да испрскате на нивната коса како и на мали посекотини,рани, осипи итн.
Корисни совети:Прскајте на коса исушена со крпа.
Прскајте на коса пред пливање или сончање за поголема заштита.

