Оваа зима ви препорачуваме: Подобро превенција- отколку лекување!
И покрај тоа што ефикасноста на нашите производи не е лимитирана по сезони, сепак одредена комбинација на производи може да помогне во постигнувањето на подобро здравје со што ќе го зајакнеме нашиот имунолошки систем и во нашата исхрана ќе воведеме соодветни нутриенти кои ќе овозможат да се спротивставиме на заболувањата кои се предизвикани од промената на времето.
Forever Freedom: Има способност да се спротивстави на воспалувањето на зглобовите и вкочанетоста на истите. Овој производ се препорачува за луѓе кои се заболени од Артритис и
Остеоартрит кои вообичаено се влошуваат во зимскиот период, а тоа особено се чувствува на места каде има екстремно студени бранови. Глукозамин сулфат и хондроитин кои се појавуваат како природни супстанци во телото, имаат главна улога во конструкцијата на рскавицата( цврсто сврзно ткиво кое ги поврзува зглобовите). МСМ е органски сулфур кој се наоѓа во растенијата и ткивата на животните. Испитувањата препорачуваат дека потребно е константно да се снабдува организмот со МСМ за да имаме оптимално добро здравје бидејќи сулфурот е еден од есенцијалните минерали кои ги одржуваат зглобовите здрави и подвижни.
Forever Absorbent C: Осетливоста на настинки во зимскиот пери
од може ефективно да се намали, дури и спречи со конзумирање на дневна доза витаминЦ. За да бидеме сигурни за негова целосна апсорпција, секоја таблета е искомбинирана со 500мг овесни трици( високо растворливи влакна). Бидејќи прашината и загадувањето се спуштаат на земјината површина во зимниот период, Forever Absorbent C е моќен антиоксидант кој помага во битката со слободните радикали и го зајакнува нашиот природен одбранбен систем.
Forever Gin Chia: Производ кој содржи Чија која потекнува од запад и Жен-Шен кој потекнува од исток. Златната Чија е богат извор на комплет протеини( многу повеќе од другите житарици како што се пченицата, пченката, оризот, овесот или јачменот). Жен-Шенот е легендарен тоник наречен и „Крал на тониците“- средство за закрепнување т.е. регенерирање. Заедно овие две растенија можат да помогнат во зголемување на издржливоста и поддржување на здрава циркулација.
Forever Active Pro В: Пробиотиците се живи организми со потенцијално терапевтско и клинички документирано дејство врз здравјето. Тие се мали едноклеточни организми. Жункцијата на системот за варење може да биде отежната д
околку дојде до дисбаланс помеѓу „лошите“ и „добрите“ бактерии. Во зимниот период се јаде храна која и не е толку здрава, поради се помалиот избор на здрава и разновидна свежа храна. Прекумерното внесување на тешка, мрсна и зачинета храна може да ја промени правилната функција на дигестивниот систем, што би довело до потреба од дополнителен батаљон од овие биоорганизми. Создаден пред се за да функционира во колонот, Forever Aktiv Pro B e мала перла, која содржи шест вида корисни бактерии, многу е лесен за конзумирање и служи да помогне во совладувањето на дисбалансот кој е создаден од начинот на исхрана и живеење. Ексклузивната и патентирана технологија ги штити пробиотиците и ги ослободува само тогаш кога ќе ја достигнат посакуваната дестинација во цревната флора.

