Поддршка за очите во дигиталниот свет
Технологиите ги подобруваат нашите животи на безброј начини, но денешниот дигитален свет не секогаш ги штеди нашите очи. Луѓето поминуваат повеќе време од
било кога гледајќи во екраните на компјутери, смартфони, таблети и телевизори.
Овие модерни удобства имаат многу предности, но можат и да влијаат негативно на
нашето здравје.
Скриените опасности на сината светлина
Спектарот на светлината е многу широк. Во безопасниот дијапазон е видливата светлина со пониска енергија. На другиот крај на спектарот се наоѓа потенцијално штетната невидлива сино-виолетова и ултравиолетова светлина. Сината светлина претставува високо-енергетска видлива светлина која лежи точно пред ултравиолетовата во спектарот. Сината светлина емитувана од екраните на дигиталните уреди, проникнува длабоко во окото и докажано води до краткорочно напрегање на очите, проблеми со фокусирањето и потенцијално долгорочно оштетување на структурата на ретината. Освен што придонесува за замор на очите, според 
истражувањата сината светлина може да ги наруши циркадниот ритам и фазата на сонот позната како „брзо движење на очите“ и тоа најмногу кај луѓето кои ги користат дигиталните уреди непосредно пред спиење.Според истражувањето на Нилсен возрасните поминуваат просечно по 11 часа на ден во интеракција со различни уреди. Тинејџерите се пред екраните околу девет часа дневно, а децата на возраст од 8 до 12 просечно по околу шест часа. Иако нема начин да го избегнеме сѐ поголемото изложување на сина светлина од дигиталните уреди, има клинички проучен начин како да им помогнеме на очите да ја филтрираат сината светлина и така да го намалат нејзиното дејство.
Иднината на додатоците во исхрана за очи е тука!
Forever iVision™ е иднината на додатоците за очи благодарение на клинички проучената состојка Lutemax® 2020 која ја издига грижата за очите на сосем ново ниво, така што им помага да ја филтрираат и елиминираат сината светлина од дигиталните уреди, телевизиските екрани и вештачките извори на светлина. Моќната состојка обезбедува и напредна заштита на ретината и очното јаболко, особено на макулата, која обезбедува најјасен и одличен вид и
управува со начинот на кој нашите очи ги гледаат боите. Нутриентите наречени каротеноиди имаат клучна улога за поддршка на здравјето на очите. Нашиот организам не ги произведува и треба да внесеме доволни количества преку балансирана исхрана. Но повеќето режими на исхрана не успеваат да ги покријат препорачаните нивоа и затоа додатоците во исхрана за очи се добро решение, бидејќи ги вклучуваат важните нутриенти. Но во повеќето додатоци во исхрана за очи има само еден од трите неопходни каротеноиди – лутеин. За да добијат заштита потребна во денешниот дигитален начин на живот, очите имаат потреба од
нешто повеќе. Ете затоа Forever iVision™ со Lutemax® 2020 ги содржи и трите важни каротеноиди – лутеин, RR зеаксантин и мезо-зеаксантин. Тие ги штитат очите од оксидативен стрес и ја филтрираат сината светлина, бидејќи ги носат хранливите материи во макулата. Според истражувањата, додавањето на овие каротеноиди не само што ја елиминира сината светлина, туку и помага во борбата со слободните радикали и може да придонесе за
заштита од дегенерација на макулата поврзана со возраста.
Покрај Лутемакс 2020, Forever iVision™ содржи и екстракт од боровинки, витамини С и Е кои придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес и бета-каротен – нутриент кој го има во морковите и друга храна и придонесува за поддршка на нормален вид. Форевер ја зголеми моќта на бета-каротенот со додавање на цинк кој го има истото дејство,
а придонесува и за нормалниот метаболизам на витаминот A, што може да му помогне да стане по-биорасположлив. Forever iVision™ е идеален секојдневен додаток во
исхраната за адолесценти и зрели луѓе на секаква возраст кои сакаат да го поткрепат видот. Две гел капсули Forever iVision™ секој ден ќе ги обезбедат витамините, антиоксидантите, билките и научно прогресивните состојки за комплетна, современа поддршка на видот.
Комплетна поддршка за очите
со Forever iVision™
Иднината на додатоците за поддршка за очите е
тука со Forever iVision™. Вклучете ја револуционерната формула во секојдневниот режим, за да ви помага
за заштита од сината светлина, да се одморат очите
по отсјајот од силната светлина и за забрзување
на обработката на визуелната информација. Овој
додаток во исхраната од ново поколение има моќ
да се бори со заморот и стресот на кои се подложени нашите очи во денешно време, бидејќи ги обезбедува сите потребни нутриенти за поддршка на
здравјето на очите.

