Смирувачки спреј за кожа со алое
Форевер ливинг продактс има иновативна палета на производи за нега на кожа кои се одлични овлажнувачи и исцелители на кожата, спакувани во удобни и спремни за употреба пакувања. Смирувачкиот спреј со алое е одличен додаток во комплетот за прва помош. Неговата ексклузивна формула овозможува итна одбрана од инфекции и воспаленија на кожата. Производот е во форма на спреј и е лесен за нанесување на места кои се премногу осетливи и болни за да се допираат. Смирувачкиот спреј од алое е дизајниран да помага при: лесни посекотини, модринки, гребаници, убоди од инсекти, разни воспаленија на кожата вклучувајќи егзема и сл., има и смирувачко дејство на изгореници и изгореници од сонце. Ако се нанесува на косата одлично не заштитува од хлорот, исто така ќе се заштитиме и од штетните УВ сончеви зраци. Го спречува опаѓањето на косата, а се користи и во фризерските салони како заштита од разните штетни бои и раствори кои ја сушат и оштетуваат косата. Во неговиот состав има голема количина на стабилизиран алое вера гел, содржи и прополис, алантоин и 11 други ексклузивни екстракти од растенијакои го прават овој производ богат со ензими, амино киселини, минерали и витамини. Овие состојки овозможуваат производот да има астрингентно и лекувачко дејство.
- Алантоин- неговото базично дејство е да ги обновува и подмладува клетките и ткивото. Алантоинот може да се најде во повеќе хербални лекови.Неговите лековити и смирувачки компоненти помагаат да ја направат кожата отпорна на разни чирови.
- Пчелен прополис – Пчелите го користат прополисот за да ги формираат кошниците и да ги стерилизираат. Оваа компонента го зголемува природниот антибиотички ефект на смирувачкиот спреј од алое вера.
- Екстракт од невен – Невенот е познат лек за исекотини, гребаници и рани. Се користи кај : акни, егзема, псоријаза и други воспаленија на кожата.
- Екстракт од бела ајдучка трева – Белата ајдучка трева е ефективна за згрутчување при посекотини и гребнатини. Таа го прави Смирувачкиот спреј од алое вера одличен производ за посекотини и модринки.
- Екстракт од мајчина душица – Таа е богата со есенцијални масла кои содржат тимол, моќен антисептик, има антибактериско дејствои е моќен антиоксидант.
- Екстракт од камилица – Камилицата е прогласена за божествено растение од античките Египјани заради нејзината разноврсна моќ за лекување. Нанесена надворешно ги решава проблемите со кожата и има антиалергиско дејство.
- Екстракт од глуварче – Глуварчето има детоксификациони можности и позитивно влијае против кожните болести како егзема, псоријаза, акни и ги чисти кожните флеки.
- Екстракт од еукалиптус( масло) – Еукалиптусот има моќен анти- инфламаторен и стимулирачки ефект. Исто така е и природен антибиотик.
- Екстракт од божја круна– Божјата круна има антиспазматично и антиинфламаторно дејство, исто така и ја ублажува мускулната згрченост. Како седатив делува смирувачки на нервите.
- Екстракт од жалфија– Жалфијата е позната по нејзиното антисептичко дејство во постарите времиња, масовно е користена за подготовка на маст за рани, исто така го сопира крварењето и помага против чирови.
- Екстракт од ѓумбир – Ѓумбирот е познат по неговото антисептично и антиинфламаторно дејство, делува ублажувачки против разни болки. Заедно со другибилки дејствува во хармонија и ги потенцира нивните добротворни ефекти.
- Екстракт од боражина– Кога ќе ја нанесеме надворешно, боражината делува екстремно благотворно на кожата, има пријатна арома, антисептично и астригентно дејство.
Синергетската мешавина на овие моќни растенија го прават Смирувачк
иот спреј со алое вера еднинствен производ за домашна нега. Производот овозможува почетна заштита против потенцијални инфекции и воспаленијана коќата предизвикани од повредите од секојдневните активности. Исто така води грижа за обичните дневни проблеми како промени на времето, испукана кожа, испукани усни, воспаление од неудобни обувки, алергии од бижутерија или метални токи. Навистина Смирувачкиот спреј од Алое Вера треба да е „ПРВАТА ПОМОШ“ која ни е на дофат.

