Специјализирано за мажи
Мажите од секогаш мислеле дека се посилни, тврдејќи дека само постарите лица, децата и
жените имаат потреба од дополнителни хранливи материи и додатоци. Всушност кога станува збор за тешки и одговорни работни задачи како и грижата околу семејството, мажите тоа го доживуваат доста стресно и затоа потребно е да размисуваат за додавање на природни суплементи во својот секојденвен режим на исхрана. Од друга страна мажите мошне тешко се одлучуваат за применување на здрави диети и контрола на телесната тежина. Кога на тоа ќе ги додадете и лошите навики како што е пушењето и алкохолот, тие се соочуваат и можат да очекуваат влошена здравствена состојба и појава на разни болести. Урбаните болестикако штосе срцевите заболувања, дијабетис и мозочни изливи сè повеќе ги напаѓаат помладите лица и тоа повеќето од нив се мажи. Исто така со зголемувањето на возраста кај мажите се појавуваат и проблеми со простата. Здравјето секогаш е предуслов за среќно семејство и добра кариера,затоа мажите треба да посветат поголемо внимание на правилната исхраната.
Прекумерното јадење – Мажите често се хранат надвор од дома и конзумираат храна со висок процент на масти и високо калорична храна која придонесува за зголемување на телесната тежина. Покрај тоа храната во рестораните вообичаено е со висока содржина на сол што доведува до зголемен крвен притисок. Конзумирањете на големи количини месо прави притисок врз бубрезите и негативно влијание како врз умствените функции, така и на целото тело. Еден возрасен маж има потреба од 1800-2400 калоории дневно, но многу од мажите дневно можат да внесат и до 2500-3000 калории. Вишокот на калории ќе биде трансформиран во масти, а потоа истите се складираат во телото. Ова води до вишок килограми и зголемен холестерол и ги зголемува шансите за кардоваскуларни заболувања и сериозни болести. Во ваков случај на мажите им се препорачува да конзумираат што е можно помалку храна која содржи масти и шеќери, а повеќе храна која содржи моно и полинезаситени масни киселини за оптимално здравје на кардиоваскуларниот систем.
Премногу алкохол – Повеќето мажи сакат да се напијат повеќе за време на вечерните забави или додека гледаат фудбалски натпревар. Всушност алкохолот е високо калоричен пијалок со 7 калории на еден грам алкохол, додека една чаша со пиво содржи 150 калории. Прекумерните калории како и мастите се складираат на стомакот, затоа мажите кои се љубители на пиво вообичаено имаат големи стомаци.
Недостаток на овошје и зеленчук – Препорачано е луѓето да конзумираат најмалку 5 порции овошје и зеленчук дневно, но мажите ретко го применуваат тоа. Овошјето и зеленчукот содржат диетални влакна и фитонутриенти. Диететските влакна може да создадат чувство на ситост и контрола на апсорпција на мастите. Фитонутритиентите се антиоксиданси кои го успоруваат процесот на стареење и ги штитат клетките од токсини. Форевер Ливинг се грижи за здравјето на мажите и затоа го промовираше додатокот на исхрана – Vit♂lize Men. Тој содржи:маслиново масло, масло од семки од тиква, екстракт од калинка, ликопен, цинк, селен, вит. Ц, вит. Б6, вит. Д и вит.Е.
Маслиновото масло содржи мононезаситени масни киселини, витамин Е и антиоксиданси како полифенол, кој може да ја спречи оксидацијата на лошиот
холестерол, го регулира метаболизмот и помага за кардиоваскуларниот систем.
Маслото од семки од тиква е богато со омега 3 масни киселини, фитостерол, витамини, аминокиселини и минарали. Фитостеролот помага во одржувањето на здрав кардиоваскуларен систем. Високото присуство на цинк е од големо значење за заштита на простатата. Студиите исто така покажуваат дека семките од тиква може да го намалат хормонското оштетување на
простатата, со што се намалува ризикот од појава на тешки заболувања на истата.
Екстрактот од калинка е богат со витамини од В комплексот, С, Е, К, калиум, фосфор, магнезиум и полифенол. Нејзината антиоксидантна моќ е три пати појака од виното или зелениот чај. Фитонутриентите: антоцианин и елагична киселина ја штитат ДНК, ги зајакнуваат кардоваскуларните и имунолошките функции, а исто така помагаат за смирување на организмот и намалување на стресот. Екстрактот од калинка е докажан во спречување на мутација на клетките од простатата.
Ликопенот е силен антиоксиданс и најјакиот каротеноид. Со својата антиоксидантна моќ е два пати и сто пати посилен од бета каротинот и витаминот Е. Ликопенот може да ги заштити лимфните клетки од оштетување од слободните радикали и да помогне во подобрување на здравјето на срцето. Потребното ниво на ликопен за одржување на здравјето на простатата
е на доста високо ниво во споредба со другите органи. Тоа изнесува до 64% и затоа нивото на ликопен е толку важно и е во тесна врска со заболувањата на простатата.
Цинкот не само што има важна улога во машкиот репродуктивен систем, тој исто така е од витално значење за развојот на повеќе од 200 физиолошки системи, меѓу кои се и хормоните во телото. Цинкот го регулира метаболизмот на тестостеронот во внатрешноста на простатата и помага во превенција на болестите кај неа. Доколку телото има дефицит на цинк, во тој случај ќе има помалку тестостерон и сперма.
Селенот е ефективен антиоксиданс и отстранувач на слободните радикали. Селенот и вит. Е меѓусебно се надополнуваат, го забавуваат процесот на стареење и помагаат во одржување на еластичноста на ткивата. Мажите имаат потреба од апсорпција на повеќе селен, бидејќи тој ја поттикнува активноста на спермата и е во тесна врска со превенцијата од неколку болести на простатата.
Витаминот Ц го спречува воспалението, го зголемува имунитетот и штити од ардиоваскуларни
заболувања. Исто така ја помага секрецијата на антистрес хормонот кортизол. Витаминот Б6 помага во создавањето на црвени крвни зрнца, хормони, ензими и антибиотици, исто така го олеснува метаболизмот на протеини, маснотии и јаглехидрати. Тој исто така го подржува создавањето на серотонинот (невротрансмитер), кој го регулира расположението и ослободува од депресија.
Витаминот Д помага за подобра апсорпција на калциумот и фосфорот, помага во растот на забите и коските, во одржувањето на здрави зглобови, срце, простата и нивото на шеќерот во крвта. Недостатокот од овој витамин резултира со рахитис, како и деформации на забите и коските.
Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој го спречува формирањето на антиоксидантни масти во
телото. Тој исто така прави одбранбен систем од аерозагадувањето и ги штити белите дробови.

