Pomesteen Power- Овошен напиток со антиоксидантно дејство
Неоспорен е фактот дека антиоксидантите се особено важни за нашето здравје. Нутриционистите денес најмногу дискутираат за тоа кој плод е најмоќниот антиоксидант, или со други зборови кој плод содржи најмногу ксантени и има најголем капацитет на апсорбирање на кислородните радикали (ORAC). Pomesteen Power, ги има двете бидејќи претставува патентирана смеса од овошни сокови и екстракти вклучувајќи: калинка, круша, мангостан, малина, капина, сина боровинка и семки од грозје. Вредноста ORAC или капацитетот на апсорбирање на кослородните радикали е индикатор до кој степен еден антиоксидант успева да се спротивстави на штетното дејство на слободните радикали. Тој капацитет е многу променлив дури и доколку се тестира на еден ист плод во различни периоди после бербата, вредностите имаат голема варијација. Важно е да се напомене дека сите состојки на Forever Pomesteen Power се на врвот на листата на ORAC вредностите, а највисок е капацитетот на плодовите од калинка и мангостан. Сокот од калинка содржи повеќе полифенолни антиоксиданти од црвеното вино, зелениот чај, соковите од црвени боровинки и портокал. Освен тоа тој е одличен изворна витамините А, С и Е, како и на железо.Мангостанот е популарен плод во Азија. Поради неговиот извонреден вкус кралицата Викторија го прогласила за свое најсакано овошје и оттогаш е наречен„Кралица на плодовите“! Мангостанот е богат со полезни ксантени, а неговиот капацитет на апсорбирање на кислородни радикали е многу висок. Ксантените се фамилија на моќни антиосиданти кои ги има во плодовите. Познати се околу 200 вида од овие фитокомпоненти, а 40 од нив се содржат во мангостанот. Пробајте ја неверојатната сила на оваа комбинација на овошја со нашиот Pomesteen Power! Исчистете го вашето тело од кислородните радикали и дозволете си здравје и енергија!
Препорака за дозирање: Пред употреба добро промешајте. Конзумирајте по 30мл дневно пред јадење. За најдобри резултати чувајте го во ладилник и конзумирајте го до 30 дена по отварањето.

