Кога ќе ти се исполнат соништата !
На почетокот, пред четиринаесет години, воопшто и не помислував дека можам да го видам градот на светлината- Парис! За мене тоа беше толку недостижно, па затоа и никогаш и не се осмелував да замислам такво патување. Сепак, работата со Форевер навистина овозможува да сите недостижни патувања, за кои ни на сон не си помислил дека ќе ги видиш, да ги доживееш!
Патувањето во Парис особено ме прави среќна и горда. Бројот на присутни соработници ми даде дополнителен поттик кон освојување на нови поставени цели, за кои слободно можам да кажам дека никогаш не би биле на листата на мои дестинации, бидејќи едноставно стојат како тешко достапни за обичниот човек. Сепак бев гост во La defence arena преполна со освојувачи на влезница, луѓе од целиот свет! Уште кога го кажаа и процентот, дека само 4,3% од сите милони регистрирани корисници на Форевер успеале да бидат дел од овој грандиозен настан, тука во мене се разбуди вистинската гордост. Дали може човек од мала земја, од уште помал град да биде дел од малкуте кои се присутни на Глобалното рели? Да, може и тоа како! Радоста во очите на сите мои соработници и нивната искажана неизмерна среќа ми дадоа дополнителна желба да помогнам на што повеќе свои пријатели, да гo доживеат она кое сите нас не исполни со задоволство. Уште повозбудени и среќни бевме и во музејот Лувр, пред Ајфеловата кула, Триумфалната порта, волшебните Версајски полиња,грандиозниот Нотердам како и крстарењето по Сена. Дружење, патување, едукација и создавање незаборавни спомени.
Со едноставна работа, на која доколку секој ден си посветен и одржуваш континуитет баш со точно поставена цел- да бидам дел од следниот настан, загарантирано ќе успееш. Секој кој ќе посака може да се приклучи, да си постави своја цел и да го промени својот живот на подобро. Унапредувајќи се себеси лично и одржувајќи го своето здравје и здравјето на своето семејство добиваш уште многу други поволности. Бесплатни патувања, дополнителни финансии, како и признание за секоја своја остварена позиција. А не вложуваш ништо! Се вложуваш само себе си и своето слободно време.
Дали вреди, одлучи сам!
Сениор менаџер
Слаѓана Маџова





