Која е тајната на успехот?
Вербата во работата доаѓа од сигурноста во квалитетот на она што се нуди. Задоволните корисници и задоволните сопственици на Форевер бизнис се тоа што е основната моторна сила на успехот кој непрестано се движи. За среќа во нашиот бизнис, секогаш движењето е по нагорна линија на непрестан раст. Растеме најнапред како личности во секојдневната комуникација со многу луѓе. Честите обуки кои се дел од процесот на работа се она кое ни дава дополнително унапредување на својата личност, а секако и растот на бизнисот, нивото на успех, финансиите итн. 
Се што се случува во животот е поврзано со некоја личност, независно дали станува збор за роднини, пријатели, соседи, колеги или пак луѓе од социјалните мрежи. Така што слободно би можеле да кажеме дека со луѓето се случуваат волшебни нешта. Кога ќе се вратиме на почетокот на можноста која ја нуди Форевер, а тоа е вклучување во бизнисот со пробување на некој од многуте производи и нивно споделување, ќе заклучиме дека за напредок во нашата работа најважни се луѓето и затоа ние и се грижиме за секој свој корисник и соработник. ,,Добриот збор надалеку се слуша, а лошиот уште подалеку!“- Оваа народна мудрост е излезена од искуствата на нашите претци, а и ден денес во себе ја носи големата мудрост! Секоја лична препорака се состои од пренесување на искуство на луѓето околу вас. На некои им раскажуваме на дирекни средби, а на некои преку споделување на он-лине задоволство. И на двата начина нашето искуство ги допира луѓето. Со нив создаваме прилика за зголемување на кругот на лични пријателства кои траат и долго опстојуваат токму заради задоволството од дадената препорака и посветената грижа. 
Тајната на успехот е твојата грижа за твоите пријатели. Таа се состои во непрестано споделување на можноста и влијанието на производите кај вас, а секако и наградите кои следуваат како резултат на вложениот труд. Значи да заклучиме: Колку повеќе користиш- толку повеќе зборуваш! Колку повеќе зборуваш- толку повеќе вклучуваш! Колку повеќе вклучуваш- толку повеќе добиваш! Твојот успех го дава успехот на твојот спонзор, значи секој ќе се потруди да ти биде поддршка на твојот пат кон височините!
Придружи се уште денес, не си сам- ние сме со тебе!
Само следи ја тајната на успехот!
Сениор менаџер- Слаѓана Маџова

