Поддржете ги одбрамбените механизми на телото
Несомнено безброј пати сте слушнале од блиски и специјалисти дека имуниот систем е многу важен. Сите имаме општа претстава дека тој се бори со инфекциите и болестите,
но можеби не го познаваме неговото дејство во длабочина.
Имунолошкиот систем ја разликува секоја клетка во нашето тело. Ако најде нешто непознато, го напаѓа. Понекогаш може да се збуни и да нападне безопасни честици како полен или пак
донирана крв или органи. Но, генерално имунитетот е многу интелигентен. Имунитетот може да се подели на два дела: вроден и стекнат имунолошки одговор. Вродениот имунитет одлучува дали нешто е пријател или непријател и ако процени дека е второто, се обидува
да го исфрли натрапникот и на него се должат заштитните реакции како високата температура и течење на носот. Стекнатиот имунолошки одговор се активира кога ќе се распознаат
напаѓачите. Тој одредува кои клетки во телото можат да се справат со агресорот и ги испраќа како работна група.
Здравиот живот е првата заштитна линија Одржувањето на здрав имунитет е исклучително важно и најдобриот начин за негова поддршка е со редовно движење и здрава исхрана, за телото да ги добива сите потребни витамини и минерали. Некои од тие нутриенти
придонесуваат за нормалната функција на имунолошкиот систем, вклучително мед, фолат, железо, селен, цинк, витамини А, В12, В6, С и D. Некои помагаат повеќе од други и затоа
балансираната исхрана е најдобрата опција. Редовното движење е важно за имунитетот, ја зголемува активноста на имуните клетки во организмот. Бидејќи ја подобруваат циркулацијата,
аеробните (кардио) вежби ги испраќаат овие клетки да патролираат во телото и да бараат потенцијални проблеми. Поддршка за здравиот живот Во Форевер сме убедени дека
доброто здравје започнува со правилната исхрана. Нашите алое пијалаци се идеален сопатник на секој што сака да му даде на телото нешто дополнително, а богатиот асортиман од додатоци во исхраната вклучува природни витамини и минерали, кои ви помагаат да живеете здраво и ги поткрепуваат одбранбените механизми на телото.
ГЕЛОТ ОД АЛОЕ ВЕРА за пиење на Форевер е најблизок до внатрешноста на листот од корисното растение. Тој може да се пофали со 96,2% алое гел извлечен рачно, за да ја почувствувате вистинската моќ на природата. Алоето е одлично за кожата, имунолошкиот
систем и варењето. Нашите алое пијалаци се предлагаат во неколку вкусови, за да има за секого по нешто. Секојдневното внесување на витамин C одамна се поврзува со добро
здравје, но човечкиот организам не го произведува и чува, што значи дека треба да се внесува со храна, пијалаци и додатоци. ФОРЕВЕР АБСОРБЕНТ-С го обезбедува корисниот витамин
во матрица од овесни трици кои се високо растворливи влакна, за постепена апсорпција и обезбедува 100% од препорачаната дневна доза. Како што веќе спомнавме, витамин C
придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем. ФОРЕВЕР ИМУБЛЕНД го поддржува имунитетот со фруктоолигосахариди, лактоферин, маитаке и шитаке, витамини D, C и цинк. Секоја состојка во патентираната формула е одбрана заради клучната улога што ја има за поддршка на имунолошките функции. За да сте сигурни дека децата ги добиваат сите корисни хранливи материи кои им се потребни, изберете ФОРЕВЕР КИДС. Овие вкусни мултивитамини обезбедуваат нутриенти секој ден, вклучително витамините A, C, D, В6
и B12, фолна киселина, калциум, железо и цинк. Не содржат аспартам, обојувачи или конзерванси и им се допаѓаат и на возрасните!
Цревната микрофлора е на ваша страна Честопати пишуваме за тоа дека одгледувањето на добри бактерии во дигестивниот тракт е од првостепена важност за општото здравје и виталност, но каков однос има тоа за имунолошкиот систем? Цревната микрофлора може да нѐ заштити од инфекциите на различни начини. Едниот е што корисните микроорганизми чисто физички зафаќаат простор во нашите црева и така на патогените им е тешко да најдат место каде да се населат. Исто така добрите бактерии ослободуваат протеини, токсични за потенцијалните причинители на инфекции, а и имаат и способност да ги регулираат сигналите
на вродениот имунолошки одговор. Според некои научници, причината двајца луѓе да реагираат различно на една иста инфекција е составот на цревната микрофлора. Одличен начин да обезбедите корисни бактерии е ФОРЕВЕР АКТИВ ПРО-Б. Тој е идеален и клинички разработен пробиотик со шест соеви , отпорни на стомачната киселина и жолчните соли, за да стигнат до цревата неоштетени и да му помагаат на телото да одржува оптимална форма.
Јасно е дека нема брзо решение за стимулирање на имунитетот. Единствениот реален одговор е да се храниме добро, да спортуваме редовно и да се грижиме за микрофлората.

