ВНИМАВАЈТЕ НА ИМУНИТЕТОТ
Природната одбрана на вашето тело води постојана битка со невидлив непријател (микроби). Затоа е важно да направите сѐ што можете за да го поддржите имунолошкиот систем на
вашиот организам и така ќе имате предност кога ќе се појават сезонските настинки и грипот. Еве неколку лесни чекори што можете да ги преземете за да го зајакнете имунитетот.
Според истражу-вачите од Харвард,стресот може да има негативно влијание врз физичкото здравје на многу начини и може дури и да го ослабне вашиот имунолошки систем. За жал, стресот и недостатокот на сон одат рака под рака и предизвикуваат удар на природната
заштита на организмот. Наоѓањето начини за намалување на стресот и опуштање може да игра голема улога во зајакнувањето на вашиот имунитет. Обидете сѐ да се тргнете од одговарање на електронски пораки и од екраните барем неколку часа пред спиење.
Да се консумира изобилство свежо овошје и зеленчук не е само рецепт за здрава исхрана туку е одличен начин да се заштити вашето тело. Агрумите се богати со вит. С кој го зајакнува имунитетот, додека зеленчук како брокулата ќе ви обезбеди витамини А,С и Е заедно со антиоксиданти и влакна. Додавањето лук во вашите оброци исто му помага на имунитетот благодарение на сулфурот кој го содржи.
Дури и здравата исхрана може да ве остави со хранливи дефицити кои треба да се пополнат. Иако минералите и витамините се достапни преку храната која ја консумираме, не е невообичаено на луѓето да им недостасува цинк, селен, железо и други микронутриенти. Затоа можете слободно да ги користите мултивитамините Forever Daily® или мултиминералите Forever Nature-Min®.
Истражувањата покажуваат дека постои директна врска помеѓу физичката активност и имунолошкиот систем. Според истражувањето во British Journal of Sports Medicine, 45 минути на ден умерена активност има важна улога во изградбата на силен имунолошки систем.
Најдобрите пријатели на вашиот
имунитет се бактериите… добрите бактерии поконкретно. Последните истражувања покажаа дека да се има соодветно ниво на добри бактерии не е одлично само за варењето на храната и здравјето на цревата, туку го поттикнува и имунитетот. Forever Active Pro-B® е патентирана мешавина од 6 пробиотски соеви и обезбедува 8 милијарди CFU добри бактерии во 1 доза. Овие соеви беа истражени и избрани врз основа на нивните корисни својства, клинички истражувања и нивната способност да делуваат заедно за да обезбедат оптимални придобивки.

