fbpx

single product

Купи!

Forever Lite Ultra

1,627.00 ден

  • EUR: € 26.42

Спореди
SKU: 46 Категорија

Опис

протеински шејк (375 g)

Форевер лајт ултра со аминотеин – чоколадо
Составен дел на здравиот начин на живот со производите на Форевер. Новата формула содржи висококвалитетни соини протеини и уникатна мешавина од ензими, специјално создадена за разградување на протеините, правилно варење на храната и оптимално апсорбирање на аминокиселините. Содржи соја.
Корисни својства Сурутка+соја Само соја
Заситеност check check
Контрола на телесната тежина check check
Одличен извор на аминокиселини check check
Зголемена енергија и издржливост check check
Поддршка на мускулите check check
Корисни за здравјето на срцето check
Растително потекло check
Еколошко производство check
Сигурен извор check
Аминотеин check

Форевер лајт ултра со аминотеин ви го нуди сето тоа и уште нешто! Сојата е одличен извор на хранливи белковини и според клиниката „Мајо“ ги содржи сите незаменливи аминокиселини. Нејзиното растителното потекло значи поодржливо и еколошко производство за разлика од протеините од сурутката која е производ од животинско потекло. А една од најубавите страни на соиниот протеин е тоа што според значајни клинички испитувања тој го намалува холестеролот во крвта. Има податоци дека соиниот протеин исто така ја подобрува издржливоста за време на спортување. Неговиот висок квалитет ја задоволува зголемената потреба од белковини на спортистите при стекнување на мускулна маса. Тој ги обезбедува и потребните незаменливи аминокиселини за раст и мускулен развој, како на спортистите, така и на нашите членови од семејството кои се развој. Така шејковите на Форевер се претвораат во идеален напиток кој можеме да го конзумираме пред или по тренинг.
А што е аминотеинот? Тоа е уникатна мешавина од ензими, специјално создадена за разградување на протеините која гарантира правилно варење на храната и оптимално апсорбирање на аминокиселините. Една од најсериозните пречки при внес на големи количини белковини е нивната сварливост. Со напредување на возраста, во телото се намалува производството на ензимите кои се неопходни за разградување на протеините и телото ја губи способноста квалитетно да го искористи дејството на важните градбени елементи. Аминотеинот е специјална ензимска формула чија цел е да ја ослободува полната сила на аминокиселините од соиниот протеин, со тоа што поефикасно ги разградува неговите молекули, отколку што тоа организмот сам би го направил. Така нашето тело има можност да апсорбира повеќе аминокиселини, кои може да ги искористи за градба на мускулни и сврзни ткива. Форевер лајт ултра со аминотеин и соин протеин…кој би можел да посака подобра комбинација?!
Шејковите Форевер лајт ултра се докажаа како одлична замена за еден или два оброка во текот на денот за сите на кои им треба поддршка при намалување на внесот на калории, без да му се наштети на телото поради дефицит на хранливи материи. А и тие се многу вкусен и удобен начин за да ги внесеме сите неопходни витамини и минерали со еден хранлив, сладок и прекрасен напиток. Доколку сето ова не ви е доволно, да напоменеме дека сојата исто така му обезбедува на организмот калциум, железо, цинк, фосфор, магнезиум, витамини од В комплексот, масни киселини омега-3 и растителни влакна. Нема многу растенија со толку богата содржина на корисни состојки. Сега гледате зошто одлучивме да ги усовршиме шејковите Форевер лајт ултра.
Пробајте ја новата формула со аминотеин, сигурни сме дека ќе ви се допадне! Продолжете да го одржувате здравиот начин на живот и вклучете во него еден или два шејка дневно за да го претворите Форевер лајт ултра во дел од целокупната исхрана. Соберете го целото семејство покрај кујнската маса и подајте чаша со шејк на секого. Освен што ќе им дадете вкусен напиток, ќе знаете дека сте ги нахраниле и со мешавина од корисни хранливи материи и комплетни протеини!

СОСТАВ
Ванила
Соја протеин изолат, крем, фруктоза, фруктоолигосахариди, Аминоген® (патентирана протеаза мешавина), природен вкус на ванила,гуар гума, соин лецитин, калиум трифосфат, натриум трифосфат, биотин, сукралоза, аскорбинска киселина, д-алфа токоферил ацетат, ниацинамид, витамин А палмитат, цинк оксид, д-калциум пантотенат, калиум јодид, витамин Д3, пиридоксин хидрохлорид, пивски квасец, тиамин хидрохлорид, цианокобаламин, рибофлавин, фолна киселина, натриум селенит, бакарен сулфат, манган сулфат, железо фумарат, калциум карбонат, магнезиум оксид.Чоколадо
Соја протеин изолат,крем, какао во прав, природен вкус на чоколадо, фруктоза, фруктоолигосахариди, сукралоза, гуар гума, соин лецитин, Аминоген® (патентирана протеаза мешавина), биотин, аскорбинска киселина, д-алфа токоферил ацетат, калиум трифосфат, натриум трифосфат, ниацинамид, витамин А палмитат, цинк оксид, д-калциум пантотенат, калиум јодид, витамин Д3, пиридоксин хидрохлорид, пивски квасец, тиамин хидрохлорид, цианокобаламин, рибофлавин, фолна киселина, натриум селенит, бакарен сулфат, манган сулфат, железо фумарат, калциум карбонат, магнезиум оксид.
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Рачно или со миксер измешајте една рамна дозерка со 300 мл обезмастено млеко. При посебни прилики измешајте со кршен мраз или овошје. Пред секоја употреба добро протресете ја кутијата

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

  • Составен дел од програмите за контрола на телесната тежина Forever F.I.T.
  • За вашиот здрав начин на живот со низок внес на јаглехидрати
  • Природна арома

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Forever Lite Ultra”